Гајдов: Бугарија е рускиот тројански коњ во Европа
Бугарија е рускиот „тројански коњ“ во Европа. Има докази за тоа, рече новинарот и политички аналитичар Љубомир Гајдов вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„Бугарската комунистичка партија, сега Социјалистичка партија, нејзин член е Румен Радев. Во неговата биографија стои дека завршил Висока воена академија во Софија и две воени академии во САД, но не стои каде завршил да управува со МиГ-29. Тоа сигурно не го научил во Британија, Германија или САД. Јасно е дека е руски агент“, вели Гајдов.
Според него, јасно се гледа „чии слуги се претседателот и потпретседателот на Бугарија“.
-Има Путин досие од кои што тие не смеат да излезат, рече Гајдов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…