Бектеши тврди: Евтина тарифа на струјата ќе имаме и понатаму

t

Евтината тарифа на струја од 22 часот до 7 часот наутро ќе остане и новите блок тарифи што ќе се воведат нема да влијаат на неа, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Клик плус“.

Тој потврди дека ќе има четири блок тарифи.

-Од 7 часот наутро ќе има четири блок тарифи, но нема да има промени во евтината, рече Бектеши.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, неодамна изјави дека во ниската тарифа ќе има само една цена, независно кој колку троши струја. Во високата, односно скапата тарифа, ќе има 3 или 4 блока и во нив ќе има различни цени.

-За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови, а за највисокиот блок цената за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната. Искуствата во регионот ни покажуваат дека ние ќе бидеме прва таква земја која што ќе примени блокови само за скапа тарифа, бидејќи сметаме дека евтината тарифа треба да остане без никакви ограничувања и домаќинствата да ја користат, бидејќи тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем имајќи во предвид дека во одредени периоди од годината во ноќните часови заради термо производството на регулираниот пазар имаме и вишоци на електрична енергија, информира Бислимоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…