Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и Конја! (Фото)
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска при посета во Република Турција, оствари средба со градоначалникот на Градот Конја, г-дин Угур Ибрахим Алтај, кој воедно е и претседател на Светската унија на турски општини.
Во рамки на работната средба градоначалниците потпишаа значаен меморандум за соработка помеѓу Градот Скопје и Градот Конја.
-Денеска потпишавме значаен договор за соработка, истакнуваме благодарност до градоначалникот на Конја г-дин Угур Ибрахим Алтај, за гостопримството и отпочнувањето на ново поглавје за пријателство и соработка. Овој договор значи взаемна поддршка и реализација на соработка во областа на економијата, науката, културата и образованието, помеѓу Градот Скопје и Градот Конја, истакна градоначалничката Арсовска.
Арсовска посочи дека од исклучителна важност за Градот Скопје е градење нови пријателства и поврзување на Градот Скопје со пријателски и збратимени градови, но и дека истото претставува создавање на нови можности за поврзување и работа на заеднички проекти.
На средбата присуствуваше и директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, кој по вчерашната заедничка посета на јавното претпријатие во Конја кое делува во областа на собирање и рецклажа на отпад, истакна дека секоја поддршка и соработка во делот на воспоставување на нови практики на делување од областа на третирањето на отпадот во насока на подобрување и унапредување на системот за управување со отпадот, е позитивна и може да придонесе за решавање на предизвиците.
На средбата се дискутираше за можностите за соработка во конкретни области на делување кои се од интерес на двата градови, како и потенцијалните можности за економска соработка во насока на развој на политики и проекти од интерес на граѓаните.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…