Објавено на:

Зеленски: Ситуацијата во Донбас e навистина многу тешка

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата во Донбас како „исклучително тешка“, повторувајќи ја важноста од снабдување со оружје за одбраната на земјата.

„Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Сите сили што се уште ги има руската армија се однесени таму…сакаат да уништат се“, рече Зеленски.

Тој повтори дека снабдувањето на Украина со тешко оружје е најдобрата инвестиција за одржување на глобалната стабилност во светот и, како што рече „спречување на многу тешки кризи што Русија има намера да ги испровоцира“.

Претставници на украинската одбрана предупредуваат дека рускиот напад во источна Украина моментално е во најинтензивна фаза и потенцијално може да ја одреди судбината на земјата.

Москва одлучи да ја интензивира офанзивата во Донбас во источна Украина, откако ги повлече силите од околината на два големи града, Киев и Харков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…