Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба
Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби.
Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани.
На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите за бомби, а досега биле лажни. Цели на анонимните закани, покрај училиштата се и судовите.
И во Србија во изминатите два месеци зачестија дојавите за бомби, пред сè во училиштата, но и во други институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови три случаи на инфекција со бруцелоза…
Во Сараево се регистрирани три нови случаи…
Пред 10 дена исчезнала, а сега е…
Членовите на Планинската спасувачка служба (ГСС) од…
Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…
Пукање во центарот на Сараево: Едно лице…
Едно лице е повредено во престрелката што…
Eвакуиран aеродромот во Сараево поради дојава за…
Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром…