Објавено на:

Европската комисија инсистира кршенето на санкциите кон Русија да се смета за кривично дело

t

Европската комисија инсистира на тоа дека кршењето на санкциите на ЕУ мора да се смета за кривично дело и дека е особено важно да се обезбеди строго почитување на ограничувањата против Русија во услови на конфликт во Украина.

„Европската комисија предлага да се додаде прекршувањето на рестриктивните мерки на ЕУ на списокот на злосторства на ЕУ“, соопшти извршното тело на Унијата во соопштението за печатот во средата.

Ваквиот чекор преземен на ниво на ЕУ треба да ја олесни истрагата, гонењето и казнувањето на кршењето на санкциите во сите 27 земји-членки, се истакнува во соопштрението.

Комисијата издвои некои од потенцијалните кривични дела, како што се активностите што се обидуваат да ги заобиколат санкциите, вклучително и прикривање на имотот, незамрзнување на средства кои се предмет на ограничување и ангажирање во забранета трговија, како што е увоз или извоз на стоки опфатени со трговски забрани.


Брисел, исто така, предложи нови, построги правила за наплата и конфискација на имотот, кои исто така треба да придонесат за усогласување со мерките на ЕУ „за да се осигура дека криминалот нема да се исплати со лишување на криминалците од нивните незаконски стекнати придобивки и ограничување на нивниот капацитет да извршат дополнителни злосторства .“

Според иницијативата, штом таквото однесување се криминализира, кршењето на санкциите може да стане и основа за заплена на имот.

„Мора да се почитуваат санкциите на ЕУ, а оние кои се обидуваат да ги заобиколат да се казнат… Како Унија се залагаме за нашите вредности и мораме да ги натераме оние што ја одржуваат воената машина на Путин да работи да ја платат цената“, рече Вера Јоурова, комесар за вредности. и транспарентност.

Комисијата додаде дека ќе поднесе законски предлог откако сите земји-членки ќе се согласат за нејзините сегашни иницијативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Форбс: Во услови на рекордни загуби во…

Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…