Уставен суд отфрли иницијатива на Левица
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.
Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.
Според судијата Насер Ајдари, Уставниот суд не може да се впушти во анализа на постапката за разрешувањето и примената на одредбите од Деловникот на Собранието а со тоа и во оценка на основаноста на наводите истакнати во иницијативите и мериторно да одлучува.
Судијата Осман Кадриу на седницата кажа дека овие прашања по својата природа се можне чувствителни, се политизираат и проблематизираат во јавноста и затоа Уставниот суд е најповикан орган да изрази мислење.
– Актот на Собранието е индивидуален правен акт со кој се решаваат конкретни статусни прашања. При вакви акти кога се ценат од аспект на уставна контрола се индивидуални акти и не подлежат на уставно-судска контрола, рече Кадриу.
Политичката партија „Левица“ ја поднесе иницијативата до Уставниот суд на 25 март годинава, после разрешувањето на Зендели од Комисијата.
Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.
Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.
Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крмов од Берово: Левица се загага за задолжителни домашни…
На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот…
Мециновиќ до ЗНАМ: Дали кога агитиравте за Преспанскиот договор со кој се ИЗБРИША АСНОМ од Уставот, мислевте дека тоа ќе биде последниот услов?
Мециновиќ до ЗНАМ: Дали кога агитиравте за…
Апасиев: Левица предлага прогресивен данок – Богатите ќе плаќаат повеќе од работниците
Во склоп на економските мерки во Програмата…
Мојсоска од Крушево: Сите пратеници да се откажат од патните…
Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на…
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните…
- На носителите на ЗНАМ, уште на…