Шолц се налути: Путин не смее да ги диктира меѓународните договори
Русија нема да ја добие војната во Украина и претседателот Владимир Путин не смее да ги диктира условите на каков било мировен договор, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Откако не успеаја да ги заземат двата најголеми градови во Украина, руските сили се обидуваат да ја преземат целосната контрола врз источниот регион Донбас и исто така напредуваа на југ и покрај силниот украински отпор и строгите санкции на Западот.
„Путин не смее да ја добие својата војна, а јас сум убеден дека нема да победи“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во швајцарското одморалиште Давос. „Заземањето на цела Украина изгледа подалеку сега отколку на почетокот на војната“.
Иако некои сугерираат дека Украина треба да преговара со Путин и да размисли за отстапување на територија, Шолц ја отфрли идејата да му се дозволи на Путин да ги диктира условите на договорот.
„Нема да има диктиран мир“, додаде Шолц. „Украина нема да го прифати ова, ниту ние“.
Путин, најверојатно, сериозно ќе преговара само штом ќе прифати дека војната не може да се добие, што ќе ја направи континуираната поддршка на Западот за Украина од суштинско значење, рече тој.
Шолц, сепак, не се осврна на украинските барања за испорака на повеќе тешко оружје во Киев, и покрај конкретните барања на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на економскиот форум.
Киев бараше да купи германски пешадиски борбени возила Мардер и идеално, исто така, главните борбени тенкови Леопард, но не постигна значителен напредок со владата во Берлин, рече Кулеба.
Со надеж дека ќе ја ослабне руската економија, а со тоа и нејзината способност да води војна, Шолц рече дека Германија ќе го прекине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година, а исто така ќе ја намали зависноста од рускиот гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…