Пендаровски – Галовеј: Македонско-британските односи се во постојана нагорна линија
Британската амбасада во Скопје вчера во градината на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски беше домаќин на прославата на врските на пријателство, разбирање и почит меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и да се одбележи 70-годишната служба на Кралицата Елизабета Втора.
– Македонско-британските односи се во постојана нагорна линија од нашата независност до денес. Од одбранбената соработка, сега и како сојузници во НАТО, политичката и институционалната соработка, па сѐ до културните и образовните врски развиени преку нашите граѓани. Бележиме скоро три децении одлични релации, а Британија е долгогодишен партнер во нашите реформи и поддржувач на нашите стратешки цели за евро-атлантска интеграција, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Одбележувањето на 70 години служба на Кралицата со прием во Кабинетот на претседателот во нејзина чест, наведува Пендаровски, е доказ за пријателството и блиските билатерални врски меѓу Северна Македонија и Британија.
– Оваа година одбележуваме 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Кралицата владее подолго од кој било друг монарх во британската историја и стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет. Таа е и најистакнатиот дипломат во Обединетото Кралство, кој ги зацврстуваше старите односи и градеше нови врски, истакна во својот говор на прославата британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Амбасадорката Галовеј рече дека долгогодишните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија продолжија да ги зајакнуваат и ги одразуваат нашите заеднички вредности и цели, како и соработката меѓу нашите институции, нашите парламенти, нашата војска и нашиот народ.
– Ова ќе биде мојот последен говор за овој национален ден тука. Еден дипломатски мандат не е доволен за вистински да се запознае една земја. Нема доволно време да се постигне сѐ што може да се постигне дури и кога споделуваме исти цели, исти предизвици и грижи. Но, дури и во краткото време што бев тука, имав толку многу среќа да посведочам на навистина драматични и храбри промени, посочи Галовеј.
Гледав, додаде таа, како Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. За да ја обезбедиме безбедноста и одбраната на сите наши сојузници, според амбасадорката, треба да продолжиме да работиме заедно за да се осигураме дека европската стабилност не може и нема дополнително да биде поткопана.
– Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и да ја приближува до посигурна, постабилна и попросперитетна иднина во срцето на евроатлантската заедница, нагласи Галовеј.
Амбасадорката посочи дека Северна Македонија е лидер во регионот и носи тешки одлуки за климатските промени и животната средина.
– Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети, рече Галовеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…