Азија за прв пат ја надмина Европа по количината на купена руска нафта
Азија за прв пат ја надмина Европа по количината на купена руска нафта, пишува Блумберг, повикувајќи се на податоците на аналитичката компанија „Кплер“.
До 26 мај, 64,3 милиони барели нафта од Русија се транспортирани со танкери во азиските земји. На крајот на февруари количината беше нешто под 25 милиони барели.
Извозот се зголеми главно благодарение на Индија. Големи испораки одат и во Кина. Според написот, овие земји се „повеќе мотивирани од економијата отколку од политичката позиција“.
Блумберг забележува дека наглото зголемување на обемот на руска нафта транспортирана по морски пат покажува дека Москва успеала да најде нови купувачи откако американските, британските и многу европски компании му свртеле грб на рускиот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…