Џонсон: Путин бавно но опипливо напредува во Донбас
Рускиот претседател Владимир Путин бавно но опипливо напредува во доминантно рускојазична и руска област Донбас на истокот на Украина, изјави во петокот британскиот премиер Борис Џонсон.
„Стравувам дека Путин, со голема цена за себеси и за руската војска, продолжува да ја голта земјата во Донбас“, вели Џонсон за агенцијата Bloomberg UK.
„Тој (Путин) продолжува да напредува постапно, но стравувам дека напредува позначителни и затоа од апсолутна животна важност е и натаму воено да ги поддржуваме Украинците“, истакнува британскиот премиер.
Во продолжение Џонсон вели дека на Украина ѝ е потребна поголема воена поддршка, вклучително и повеќецевни ракетни системи, и додава дека војната мора да заврши.
„Единствен начин на кој тоа може да се заврши е Путин да прифати дека се спровела денацизација на Украина и дека може да се повлече достоинствено и чесно. Мислам дека постои политички маневарски простор на тоа да му се стави крај“, рече додавајќи дека тоа не значи дека ја поддржува руската теза за владеењето на неонацистите со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…