(Фото) Kaко Пуцко Петрол и Али Ахмети станаа главните на Република Северна Македонија?!
На социјалните мрежи симпатизер на ДУИ објави фотографија со претседателот на партијата, Али Ахмети, но и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Исмаил Јахоски.
Во објаснувањето за фотографијата, поддржувачот на ДУИ посочи дека овие двајца се главните во како што вели „Република Северна Македонија“.
-Една со Претседателот на Демократската Унија За Интеграција (ДУИ) Господин Али Ахмети и Нашиот пратеник Господин Исмаил Јахоски. Со Главните на Р.С.М.

Али Ахмети повеќе од 20 години е дел од власта во Македонија, со исклучок на еден краток период кога дел од Владата на Никола Груевски беше ДПА со лидерот Мендух Тачи.
Од човек кој беше прогласен за терорист од македонската држава обвинуван за воени злосторства до претседател на ДУИ, Ахмети се чини никогаш немал поголема контрола над македонската држава.
Неговиот период на владеење го одбележаа мега скандали, со рамковни вработувања и членови на ДУИ кои земаат плата, а не одат на работа и низа на индиции за криминални зделки кои се чини дека никогаш ниту добија, ниту ќе добијат правна разрешница. До ден денес после 20 години практицирање власт, нема ниту една пресуда против функционер од ДУИ, барем не со казна која е веќе ефектива.
Ахмети при крајот на мандатот на владата во последните 100 дена ќе добие и премиер од неговите редови, а преку Фатмир Бесими како министер за финансии и Крешник Бектеши како министер за економија тој во целост ги контролира државните финансиски текови.
Преку Артан Груби како прв вицепремиер практицира контрола врз работата на Владата. Арменд Нухиу пак е втор човек во правда, а јавна тајна е дека судиите и обвинителите се избираат со политички конзенсуз со ДУИ и амин лично од Ахмети. Еден од најблсиките соработници на Ахмети, Талат Џафери пак командува со Собранието.
Одговорот на прашањето зошто пратеникот Исмаил Јахоски е еден од главните е едноставно? Тој во моментов е еден од најбогатите граѓани на Македонија пред се поради неговата соработка со ДУИ. Имено во периодот на практицирање власт на ДУИ, Јахоски и неговите компании имаат добиено преку 800 државни тендери, тендери во кои неговите фирми се плаќаат со парите на граѓаните.
Она што се случува последно е информацијата за превземањето на пратеникот Јахоски на една од некогаш најуспешните македонски фирми „Бетон Скопје“ со што Јахоски ги првзема и правата и обврските на компанијата, но и досегашната работа.
Еден од клучните проекти на кои работеше „Бетон Скопје“ е автопатот Кичево-Охрид, изградбата на Клиничката болница во Штип, а се шпекулира дека Јахоски попознат под прекарот Пуцко Петрол ќе добие и тендер за изградбата на новиот Клинички Центар во Скопје.
За нивна среќа, а за наша несреќа овие луѓе навистина се главните во Република Македонија…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…