Кога немаш свои проекти, ќе коментираш за други – Шилегов коментира за мост за кој не знае каде се наоѓа

t

Екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот фејзбук реагираше на објавата на Град Скопје за изградбарта на пристапна патека кон пешачкиот мост во Сарај, мост за кој Петре Шилегов не знае каде е лоциран.
Да се потсетиме дека Шилегов е градоначалник кој ја продаде Градската куќа, не направи нов луна парк, не ги направи тунелите под Кале, не го поврза Калето со Градски парк со зиплајн, не го ревитализира езерото Треска, потроши 1.700.000 евра за скала за потребите на противпожарната брига, скала која Хрватска ја набави за двојно помалку, потроши 75.000 евра за веб-страна на Град Скопје која никогаш не профункционира. Со ваквото трошење и расфрлање со пари, Шилегов загуби секаква одлика на домаќин и загуби право да критикува било кого за било што.

Град Скопје во својата објава на социјалните мрежи апелираше да не се замајува и манипулира јавноста со фотографии кои се од претходната состојба на патеката.
Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Град Скопје на социјалните мрежи:

“Градот Скопје апелира да не се манипулира јавноста со фотографии од претходната состојба на патеката и проектот кој опфаќа реконструкција на целиот мост, кој е во интерес на сите граѓани и да не се злоупотребува за дневно политички цели.
Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди и согласно проектна документација изработена од стручни лица.
По негативните реакции од јавноста во врска со изградбата на рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај, Град Скопје ја информира и уверува јавноста дека изградбата на патеката се реализира според сите стандарди за ваков вид патеки и согласно проектна документација изработена од стручни лица.
Со изградбата на оваа рампа на овој фреквентен потег ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…