Москва се “стресе” од нивната реакција: Протерувањето на пет хрватски дипломати нема легитимна основа
Министерството за надворешни работи на Хрватска денеска соопшти дека одлуката која ја донела Русија за протерување на пет хрватски дипломати не е легитимна.
“Хрватска ќе ја анализира оваа одлука на руските власти и ќе размисли за следните чекори и постапки” – стои во соопштението на Хрватска.
Хрватска продолжува со своите партнери да води принципиелна политика во поглед на почитувње на меѓународното право и осудата за руската агресија, како и помошта која ја дава на Украина.
На Амбасадорот на Хрватска во Москва денеска му е дадена протестна нота во која се бара заминување на тројца дипломати и двајца вработени во административно-техничкиот секотр на амбасадата.
Министерството за надворешни работи на Русија, рано денеска соопшти дека одлуката за протерување на хрватските дипломати е одговор на непријателските чекори кои Загреб ги превзеде против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…