Коалиционите партнери на Петков: Украина не може да влезе во ЕУ заради Македонија – РМ да ги внесе Бугарите во Уставот
„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува на овој совет и зошто постои таков совет на тема Република Македонија. Ставот на ИТН е потврден, нема да мрднеме од него. Една од работите што треба да се случи во РМ како гаранција за почеток на процес, е да се отвори Уставот и да се напише дека Бугарите се народ во државата со еднакви права“. Ова го изјави Станислав Балабанов од Има таков на влезот во Советот на министри.
Балабанов предупреди дека одбројувањето на трпението е започнато. Тој ги предупреди ПП да престанат да мислат дека владеат сами, а не во коалиција, со потпишан коалициски договор.
Пред тоа Атанас Атанасов од Демократска Бугарија рече дека Украина можеби нема да влезе во ЕУ поради Македонија.
„За жал, во овој момент нема изгледи за укинување на ветото. Нашите партнери во Македонија никако не помагаат“, рече тој.
Темата е повторно на дневен ред откако премиерот Кирил Петков побара од претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…