Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг разбираат што значи да се биде понижен за јазик, идентитет и култура

t

Русија не само што ја мрази соседната држава Украина, туку го уништува украинскиот идентитет, јазик и Украина, порача министерот за надворешни работи на Украина на прес конференција со македонскиот колега, Бујар Османи.

– Македонците веројатно, како никој друг во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, јазик, култура. Токму тоа го доживуваме во моментов. Русија не само што ја мрази соседната држава Украина, туку го уништува украинскиот идентитет, јазик и Украина – рече тој.

На средбата со Османи во Киев, Кулеба изрази надеж дека Парламентот на Македонија ќе ги признае руските злосторства во Украина како геноцид.

– Сакам да изразам надеж дека Парламентот на Северна Македонија ќе донесе одлука за признавање на руските злосторства во Украина како геноцид врз украинскиот народ – рече Кулеба.

Министерот додаде дека Османи утрово го посетил Ирпен, „ослободен од руските освојувачи“ и со свои очи видел што се случува таму.

Покрај Украина, парламентите на Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Полска и Канада ги означија акциите на Русија во Украина како геноцид.

Од денеска македонската амбасада во Киев повторно функционира.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…