Објавено на:

(Видео) Украина во паника: Русија го употреби “оружјето на смртта” во Донбас

t

Русите ги засилија нападите врз Донбас бидејќи по секоја цена сакаат да ги освојат преостанатите делови од провинциите Доњецк и Луганск. Последните неколку дена небото и земјата непрекинато се тресат од жестокиот руски артилериски оган кој ја остава опожарената земја зад себе.

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое, како што велат, се гледа како војската на Владимир Путин жестоко ги гранатира украинските позиции во Доњецк со термобарично оруже или популарно наречено вакум бомби.

„Руски ТОС-1С ги гранатираше украинските поизиции кај Новомихајловка во регионот на Доњецк. Вака изгледа најголемата и најстрашната војна на 21 век. Украина е подготвена да возврати. За да го направиме тоа, потребни ни се ракетен систем со повеќе цевки на НАТО веднаш!, “се наведува во видеото на Министерството за одбрана на Украина.

Инаку термобаричното оружје е познато и како аеросолни бомби. Станува збор за двостепена муниција која вшмукува кислород од околниот воздух за да создаде експлозија на екстремно висока температура. Конвенционалните бомби содржат четвртина од експлозиви и три четвртини од оксиданти, додека термобаричните бомби речиси целосно се состојат од експлозиви.

Иако видеата објавени на социјалните мрежи се уште никој не ги потврди, сепак од она што пренесуваат светските медиуми ниту ровови, ниту засолништа не штитат од дејството на овие софестицирани бомби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Сакаат да ја скршат Србија затоа…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Руската војска започнува со вежби за употреба…

Генералштабот на Русија ги започна подготовките за…

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска…

Во случај на пад на Украина, Соединетите…

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Зеленски: Бог има украинско знаме на рамото

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велигден ги…