Објавено на:

Подољак: Заедничка мисија на цел свет е да се запре Русија

t

Запирањето на Русија е заедничка мисија на сите цивилизирани земји, изјави советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак.

„Зошто светот посветува повеќе внимание на Украина отколку на Африка или на Истокот? – Таков наратив промовираат руски агенти“, напиша тој на Твитер.

Војната во Украина не е локален конфликт – тоа е прашање каков ќе биде светот утре, додаде тој.

Ако и се дозволи на Русија да победи, „ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе го турне човештвото во темните векови“.

Подољак дополни: „Секој автократ би можел да предизвика територијални конфликти, да зазема земји и да истребува нации.

„Запирањето на Русија е мисија на сите цивилизирани земји. Има време, но треба да побрзаме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…

Русија признава нов недостиг на бензин по…

Руските власти во петокот признаа дека дел…

Зеленски: На Украина ѝ се потребни 5%…

Володимир Зеленски го повикува Вашингтон да ослободи…