(Видео) Зошто “се намалува бројот на верници” во македонските цркви? Каде “греши” црквата?

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” се објаснуваше зошто се намалува бројот на верници кои ги посетуваат црквите.

– Сметам дека црквата треба да се врати кон народот, да комуницира наместо да се одвојува од народот. На пример исламската верска заедница која е многу поорганизирана.

На некого можеби му треба само збор за да оди на литургија, но некаде може ќе треба и материјална помош како што прави ИВЗ.

Понатака поединци, на пример Партениј, кој го почитувам, но не му беше ни место, ни време ни функција да го прими бугарскиот претседател Радев и да објаснува дали сме Бугари. Во секуларна држава тоа не смее да се меша. – објасни Митовски.

Отец Ивица објасни дека точно е дека ИВЗ можеби во одредени аспекти е поорганизирана но тие имаат дотации кои никој не знае од каде се.

– ИВЗ има дотации кои никој не знае од каде се, можеби институциите знаат. Многу се прави за да се доближи црквата до народот, се работи, има хуманитарна помош. Ние за време на ковид кризата бевме оставени сами на себе.

Дополнително како што се зголемува бројот на вистински верници кои ја сфатиле верата, ќе се намалува бројот на традиционални верници кои не знаат зошто практикуваат определени обичаи туку традиционално не се откажуваат од нив.

Отец Оливер од Св. Спас почна да објавува каде ги носи донираните материјали поради тоа што излегоа муабети еве ние носиме ама не знаеме каде се дава однесеното. А не мора секое направено добро да се ојавува, да се фалиме со него, вели Отец Ивица.

Следете ја целата емисија на слениот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ