Хуманитарна помош од Црвен крст денеска за Украина

t

Денеска црвениот крст ќе испрати хуманитарна помош за оштетеното население во Украина.

Хуманитарната помош ќе тргне од Центарот за логистика на Црвениот крст во Скопје во 10:30 часот. За конкретно какви материјали се работи и за собирот на акцијата ќе информира генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон апелот објавен од страна на украинскиот Црвен крст за помош уште кон крајот на февруари, веднаш по започнувањето на рускиот напад врз Украина.

Заради поефикасна координација на хуманитарната помош за Украина, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Црвениот крст.

Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можеа да се вклучат во акцијата со издвојување средства на сметка на Фондот на солидарност на Црвениот крст, како и на отворениот телефонски број за донација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…