Објавено на:

Хабек: Гние единството во ЕУ во однос на санкциите кон Русија

t

Германскиот министер за економија Роберт Хабек синоќа изрази загриженост поради неединството на Европската унија пред самитот на кој ќе се разговара за руското ембарго за нафта и планот за ставање крај на зависноста од руската енергија.

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе се состанат да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што предвидува ембарго на руската нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација. Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.

-По почетокот на рускиот напад врз Украина, видовме што може да се случи ако Европа биде обединета. Се надеваме дека единството ќе се покаже на утрешниот самит, иако тоа веќе почна да се распаѓа, рече Хабек на прес-конференција.

Тој ја повика Германија на самитот да настапи единствено, не да се воздржува од гласање поради разликите во ставовите во рамки на германската владејачка коалиција. Слично единствто Хабек побара и од земјите-членки на ЕУ.

-Европа е се уште огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, може да ја искористи таа моќ, рече Хабек на отворањето на саем во Хановер.

ЕУ не постигна договор за шестиот пакет санкции против Русија

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација.

Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.

Предлогот на европските институции и на Франција како претседавач со ЕУ, предвидува воведување ембарго на увоз на руската нафта што се испорачува по морски пат до крајот на годината, со исклучок на нафтата што се транспортира преку натоводот „Дружба“ што ги снабдува Унгарија, Словачка и Чешка.

Неименуван добро упатен извор од Брисел вели дека и прашањето околу „Дружба“ наскоро ќе биде решено.

Унгарија како земја без излез на море и држава која 65 отсто од својата потрошувачката на нафта ја обезбедува од Русија преку нафтоводот „Дружба“, се спротивставува на ембаргото на нафтоводот и ја отфрли првата понуда за двегодишно нејзино изземање од обврските за забрана на увоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…