Македонија го одбележа Денот на Мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија
Денес во организација од здружението “Мобилност” по повод одбележување на Денот на Мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија во 10 часот се одржа собир пред порта Македонија.
Повикани за присуство беа сите членови на здружението, Претседатели на Мобилност МК, Мобилност Скопје, ограноците на МС Параплегија и Дистрофија, тим од Клиниката за Неврологија, Градоначалничката на г.Скопје, Данела Арсовска заедно со нејзиниот тим, градоначалници од други општини од г.Скопје, и останати поддржувачи и јавни личности.

Дел од организаторите дадо свои изјави за присутните и медиумите во кои истакнаа за што се залагаат ограноците при Мобилност Скопје и Мобилност МК, во контекст на подобрување на нивните права и обврски како и подобрување на севкупното живеење на овие лица.
Учесниците во собирот облечени во еднобојни портокалови маици со слогани и амблеми соодветни на денот започнаа со марш-дефиле по Булевар„11 Октомври“ преку собранието на Репувлика Македонија до ДХО„Даре Џамбаз“ каде продолжија со интерактивно дружење во холот на домот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…