(Видео) Драматичен говор на турскиот министер за надворешни: Македонија единаесет години преговараше за влез во НАТО – им се поставуваа крајно неприфатливи услови

t

Турскиот министер за надворешни работи Мехмет Чавушоглу во драматичен говор направи паралела на блокадите со кои Македонија се соочувала и се уште се соочува со актуелното вето што Анкара го наметнува на членството во НАТО на Финска и Шведска, кои Турција ги обвинува дека го спонзорираат тероризмот.

-Колку години траеше членството на Македонија во НАТО? 11 години. Зошто 11 години? Затоа што Грција побара од Македонија да го смени името. Таа стана Северна Македонија, а потоа стана членка на НАТО. Ние не бараме од ниту една земја да го смени името. Во моментов, некои европски земји, на Македонците и на Македонија, не за да биде членка, туку за да ги почне преговорите и поставуваат услови кои се крајно неприфатливи. Ние на земјите не им велиме: „вие всушност бевте Турци, поради тоа признајте дека сте Турци“. Ова се работи што се случуваат во ЕУ. , изјави Мехмет Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција, пред два дена на средбата со полскиот и романскиот колега.

Минатонеделните разговори за апликациите за членство на Шведска и Финска во НАТО, што се одржаа во Турција, во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, „не беа на посакуваното ниво“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи за новинарите во авионот на враќањето од Азербејџан, каде што престојуваше во посета, Ердоган во изјавата објавена денес истакнува: „За жал, разговорите што ги одржа нашата делегација со Финска и Шведска не беа на посакуваното ниво.“

Нагласувајќи дека Шведска и Финска имаат очекувања од овие разговори, Ердоган рече дека тие не ги презеле неопходните чекори во однос на барањата на Турција и додаде дека терористите сè уште се движат по улиците на Стокхолм додека Шведска ги штити со сопствената полиција.

„Не можеме да ги повториме грешките направени во минатото со (примање) на земји кои прифаќаат и хранат такви терористи, во НАТО, која е безбедносна организација“, рече тој.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, одлука поттикната од руската војна против Украина, што започна на 24 февруари. Турција, која е долгогодишна членка на Алијансата, изрази приговори на кандидатурите на Шведска и Финска за членство, критикувајќи ги двете земји за толерирање и поддршка на терористички организации.

Во Анкара минатата недела се одржаа консултации на шведската и финската делегација со турските претставници за нивните апликации за влез во НАТО.

Додавајќи дека наскоро ќе има одделни телефонски разговори со неговиот руски и украински колега, турскиот претседател рече дека Турција ќе продолжи да ги охрабрува страните да ги одржат отворени каналите за дијалог и за дипломатија со цел постигнување мир во Украина.

За евентуална нова турска безбедносна операција во северна Сирија, во близина на турската граница, Ердоган рече дека секој треба да го даде својот дел во борбата против тероризмот.

„Ако Америка не ја исполнува својата должност во борбата против тероризмот, што ќе правиме? Самите ќе се погрижиме за тоа. Борбата против тероризмот не може да се реализира со барање дозвола од друго место“, додаде тој.

Турција се граничи со Сирија и Ирак на нејзиниот југ, и работеше на елиминирање на постоечките терористички бази и за спречување на создавањето нови што би ја загрозиле нејзината национална безбедност и безбедноста на локалното население преку нејзините граници.

Турција долго време се спротивставува на соработката на САД во северна Сирија со ЈПГ/ПКК, сириски огранок на терористичката ПКК, која одзеде илјадници животи во Турција.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на сириските жители: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

– Турција и Израел се движат кон подобри билатерални односи –

Осврнувајќи се на односите со Израел, турскиот претседател рече дека двете земји ќе преземат чекори за подобрување на односите и дека се очекува министрите за енергетика на двете земји да одржат разговори во однос на тоа.

За односите со Грција, Ердоган уште еднаш упати критики до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис поради неговите коментари дадени за Турција за време на неговата неодамнешна официјална посета на САД.

„Турција го откажа својот стратешки совет на високо ниво со Грција бидејќи Мицотакис повеќе не е подобен за тоа“, изјави Ердоган за новинарите.

За време на посетата на Вашингтон, Мицотакис се побуни против тоа САД да ѝ продадат 40 воени авиони Ф-16 на Турција и речиси 80 сетови за модернизација на нејзините постоечки воени авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…