“Ајвар туризам”: Грците се жалат дека Македонците и Србите изнајмуваат станови за да печат пиперки

t

Туристичките агенции велат дека во последно време имаат проблеми со грчките угостители бидејќи постојано се жалат на туристи од Македонија, а, како што велат, најмногу поради пиперките.

„Автобусот попат застанува во Лесковац, таму купуваат пиперка во вреќи. А потоа одморот го користат за печење црвен пипер – не на плажа, туку во станови во Грција“, велат од агенцијата за порталот Nova.rs.

Тие објаснија дека „туризмот со пиперка“ всушност носи повеќекратни придобивки за оние кои го практикуваат.

Летуваат по речиси нереални цени – познато е дека аранжманите се неколкукратно поевтини на крајот на септември отколку во сезоната.

Второ, не губат време за традиционална подготовка на зимата и трето, не трошат своја, туку грчка струја за печење пиперки.

Грчките угостители не наоѓаат решение за проблемот, а се жалат и на тинејџерите кои под масата во хотелскиот ресторан најчесто истураат сок и пиво купени во блискиот супермаркет.

Извор: 4NEWZ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…