(Фото+Видео) Пожарот во Тетово е ставен под контрола: Спречено е ширење кон цистерните со течен гас

t

„Пожарот е локализиран и ставен под контрола, но продолжува да гори. Тоа што е важно е дека е отсечен да не продолжи кон цистерните со течен гас кои може да предизвикаат експлозија“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов за Инфомакс.

Откако во 09:30 утрово избувна пожар во поранешниот Тутунски комбинат надлежните со огромна претпазливост работат на случајот и апелираат за помош. Пожарот потоа се рашири во околните објекти и ефективно работат на тоа да се спасат материјалите кои не биле загубени.

Служби од СВР Тетово веќе работат на самиот случај и ги преземаат сите потребни мерки за гаснење на пожарот. Причината зад избувнатиот пожар сè уште не се знае, но најбитно е тоа што сите кои биле во близина се извлекле без последици.

На терен се приклучија Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, и приватни фирми со цел да се стабилизира ситуацијата и да нема големи последици.

„Сега работиме на детекција на воздухот. Состојбата во овој момент од аспект на отровност на гасови не е алармантна. Има зголемено ниво на ПМ честички, гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздухот може да доведе до распламтување на пожарот. Побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата, односно пожарот да биде пресечен да не се пренесе во задниот дел каде што има садови со експлозивни материи“-рече Ангелов.

СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања и поминување на местото на пожарот, затоа што воздухот е загаден и гужвата може да направи само компликации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…