(Видео) “Шарена револуција” во Ерменија: Полицијата брутално ги “пакува” демонстрантите – четворица завршија во болница
Четири лица од протестот во близина на владината зграда во Ереван се пренесени во универзитетската болница, изјави Шушан Даниелјан, портпаролка на Државниот универзитет во Ереван.
Четири лица се однесени од територијата во непосредна близина на владината зграда до првата универзитетска болница. Нивната состојба се оценува како стабилна. Нивните животи во моментов не се во опасност. Сега граѓаните се на преглед и лекување“, напиша Даниелјан на социјалните мрежи.
Според неа, две од четирите жртви се полицајци.
Помина еден месец од почетокот на масовните протести во Ерменија на кои се бара оставка од премиерот Никол Пашинјан. Неговите противници сметаат дека тој се обидува да направи нови отстапки на Азербејџан во прашањето за Карабах при демаркацијата на ерменско-азербејџанската граница и изјавуваат дека имаат намера да ги прекинат неговите планови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
Еуроњуз: Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за…
Ерменија и Азербејџан го финализираа текстот на…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…
Европската комисија бара извештаи за нападите на…
Обвинителството во Белград во изминативе неколку дена…