Арсовска: Противпожарната бригада ја најдовме во многу лоша состојба
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалнилката на Град Скопје изјави дека противпожарната единица е најдена во многу лоша состојба, со големи проблеми а возила со кои единицата располага се стари во просек по 35 години.
“Противпожарната бригада ја најдовме во навистина многу лоша состојба. Противпожарната бригада имаше толку големи пробели, се соочуваме со возила кои во просек се стари и по 35 години. Полека се разрешуваат сите предизвици, сето она кое сме го затекнале како проблем или како предизвик полека се разрешува. Тоа со кое што нашата противпожарна единица работи е за почит на кој начин успеваат да се справат и да излезат на крај имајќи во предвид со каква опрема располагаат како опрема. Тоа не е проблем од сега, тоа требало и имало време да се реши и затоа сметам дека сега е времетосе она што било оставено до сега да не се дозволи да се случува повторно. Тие луѓе заслужуваат стварно многу.” – изјави Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…