Арсовска: Овозможено паркинг место како предуслов за добивање на градежна дозвола
Во вечерашната емисија “Наше Скопје”, Арсовска истакна дека свесна е за проблемот со паркинг местата во Скопје, но тој е проблем кој го има затекнато е премногу голем за да се реши веднаш.
“Сегашните правила имаат стандарди кој што се почитуваат од овој аспект. Мора да се предвиди паркинг место, во спротивно нема да добие дозвола за градење, иако ние како Град Скопје немаме такви ингеренции. Скопските општини се тие кои можат да дадат дозволи за градба. Проблемот кој што го имаме затекнато е премногу голем за да се реши со овие идни чекори. Ние треба да најдеме решение како да се санира она кое што до сега било предизвикано, а за новите градби, доколку стандардите се почитуваат, верувам ќе се овозможи повеќе паркинг места во склоп на објектите кои веќе се градат, иако лично сметам градот Скопје е преизграден.” – истакна Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…