Покрај струјата, поскапеа и пелетите: Како ќе се греат граѓаните годинава?

t

Одлуката на Србија да го запре извозот на пелети ќе има драстично влијание на пазарот во нашата земја, бидејќи Македонија обезбедува 80% од количината на пелети преку увоз. Компаниите за пелети бележат екстремен пораст на побарувачка .Владимир Становски, чија компанија работи во Скопје, вели дека домашниот пазар ќе се соочи со два главни проблеми, недостиг на количина и пораст на цените. Според него, поради недостигот на дрва, земјите од регионот забрануваат извоз на пелети, за да им бидат достапни на своите граѓани.

Според него, на поскапувањето на пелетите влијаеле повеќе фактори како што се: поскапувањето на енергенсите, поскапувањето на нафтата, поскапувањето на суровините за одржување на фабриките, малата количина на достапни дрва. Од друга страна се граѓаните, кои велат дека сите начини на згревање се скапи.

„ Струјата е скапа, дрвата поскапеа, под 4 илјади денари не можеш да најдеш. Се греам со клима, но не ме грее доволно. За нас пензионерите, се разбира, и првата, и втората и третата можност се скапи“, изјави една граѓанка.

„Минатата сезона беа релативно евтини. Сезонава поскапеа за најмалку 50% што значи дека и греењето на пелети ќе биде многу скапо. Дури и самиот шпорет на пелети е скап. Веќе сум снабден, бидејќи колку побрзо се снабдите, толку поевтино ќе ги најдете“, рече една друга граѓанка.

„Се грееме на струја. Како што расте цената на енергијата, граѓаните ќе размислуваат. Мислам на драстичен раст. Велат дека ќе биде 10%, но се сомневам дека ќе биде уште повеќе“.

Со пелети. Околу два тона. Никаде нема пелети. Ги слушнавме тие што ги кријат по магацини, за да ги продаваат по повисока цена. 175 беше, сега стигна до 300. Според она што го слушам од други, поефтино е да се грее на струја, со инвертер, отколку на пелети“.

„За жал со струја. Да ви ја кажам вистината не е најдобриот избор, но немате друг избор, тоа е.

Не сум пробал, бидејќи сега пелетите се многу скапи. Беа 175 а сега стигнаа до 250 денари“.

„Сега поскапе струјата, џабе ставаме инвертери. Ќе продолжиме да се грееме на дрва“.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи по…