Објавено на:

И Вучиќ ќе си легне на брашното? Мора да бараме компромис за прашањето за Косово

t

Во обраќањето пред гостите, претседателот Вучиќ рече дека Србија мора да бара компромис за прашањето за Косово и Метохија и дека тоа прашање ќе биде уште позначајно.

„Поврзано со украинската криза, прашањето за Косово и Метохија ќе биде уште позначајно и тешко ќе го решиме, што и да ви каже некој од Западот. Тоа ќе биде поголема и поважна тема поради она што неодамна го кажа Путин. Тој ќе каже дека Косово не е како другите примери во светот. Колку повеќе повторуваат, толку повеќе им пречи“, рече Вучиќ, додавајќи дека мора да се бара компромис.

Вучиќ рече и дека ЕУ не смее да биде фраза, поради трговијата, инвестициите и затоа што Србија сака да припаѓа на тој тип на општество.

Тој посочува дека Србија допрва треба да работи на полето на владеењето на правото, медиумските слободи и демократизацијата

„Претеруваат кога велат дека не може да се слушне друго мислење, но ние секогаш можеме подобро, не поради нив, туку поради нас“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…