Со 4 милиони евра од ЕБОР Стопанска банка Скопје ќе ги поддржува малите и средни претпријатија

t

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во нашата земја.

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, потпишаа договор за кредитна линија во износ од 4 милиони евра.

Кредитната линија за Стопанска банка ќе помогне на МСП во поддршка на инвестициите во технологии и услуги со високи перформанси со што ќе им овозможи да станат поконкурентни. Исто така, на малите компании ќе им овозможи да го поттикнат своето делување по Ковид-19 пандемијата.

Кредитната линија е дел од новата Програма на ЕБОР за поттикнување на МСП, која ги поддржува малите компании во опоравување од забавениот раст за време на пандемијата.

Со програмата ќе биде поддржано и проширувањето на зелената економија во македонската територија преку промовирање на инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност. Околу 70 проценти од финансирањето на програмата ќе биде алоцирано за инвестиции во заштеда на енергија и за зелени технологии, додека остатокот ќе биде наменет за поддршка на инвестиции во автоматизација, зголемена продуктивност, квалитет на производи и безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…