НИКИФОРОВ: ЗЕЛЕНСКИ НАЧЕЛНО СЕ СОГЛАСУВА НА СРЕДБА СО ПУТИН ВО ИСТАНБУЛ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да ја прифати иницијативата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој сака да му организира средба со Владимир Путин, објави денеска украинскиот портал „Вести“, цитирајќи го членот на прес службата на украинскиот претседател Серхиј Никифоров.
Порталот соопшти дека го контактирале Никифоров, кој им соопштил дека е рано да се зборува за форматот на средбата.
Зеленски вчера имаше телефонски разговор со Ердоган, а претходно и рускиот претседател разговараше со својот турски колега. Според соопштението од кабинетот на Ердоган, тој му кажал на својот украински колега дека Турција е подготвена да продолжи со напорите да посредува во мировниот дијалог меѓу Русија и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…