TEШКО НАС: Горивата поскапуваат за 10 денари!
Од утре се очекува поскапување на горивата до 10 денари, ова го покажуваат пресметките на познавачите. Причината за ваквиот скок е тоа што од утре, повеќе нема да има намалено ДДВ за течни горива. Владата на денешната седница не ја продолжи оваа мерка, анализира „Телма“.
Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нејзината важност, ќе следи сериозен ценовен шок кои ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе порасне, но од друга страна ќе се полни буџетот.
Од опозицијата претходно предложија со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на годинава да биде 5 отсто.
Како превенција од раст на цените на горивата, на почетокот на март Владата одлучи ДДВ за течни горива да го намали од 18 на 10 отсто , надолна корекција имаше и кај акцизата.
Инаку, сериозни скокови кај цените на горивата беа евидентирани на почеткот на годинава како последица од разгорувањето на руско украинскито конфликт. Според прогнозите ниту годинава не се очекува некоја стабилизација на цената, објави Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Вмровската судијка Даниела Димовска, асистентка на…
Вмровската судијка ДАНИЕЛА ДИМОВСКА денес Судскиот совет…
СДК: Избледеа велопатеките во Битола, од „Паркинзи“…
За многу кратко време избледе црвената боја…
Противпожарно возило остана без вода среде интервенција…
Возило на противпожарната единица остана без доволно…
Голем пожар во Кочани, изгоре куќа
Во пожар што избувна околу 14 часот…
Тренчевска: Со ребалансот власта кратки од најранливите…
Наместо реални решенија, повисоки плати и грижа…