Објавено на:

Просечната нето-плата во Црна Гора е 707 евра

t

Според црногорскиот завод за статистика, Монстат, просечната плата без даноци и придонеси во април изнесувала 707 евра, што е за 0,4 отсто повеќе од март.

Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 33,6 отсто.
Просечната бруто плата во април била 873 евра.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во април пораснале за 1,9 отсто во однос на март, произлегува дека реалните плати за истиот период паднале за 1,4 отсто, се вели во соопштението.

По сектори на дејност, просечната заработка без даноци и придонеси во април во однос на март е зголемена во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 38,9 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,4 отсто, административни и помошни услужни дејности 3,8 отсто. , водоснабдување, управување со отпадни води 2,4 отсто, информации и комуникации 2,3 отсто.

Раст е забележан и во секторите транспорт и складирање 1,9 отсто, уметност, забава и рекреација 1,5 отсто, градежништво 1,4 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 0,7 отсто, рударство и вадење камен 0,6 отсто, други услужни дејности 0,3 отсто и финансиски и осигурителни дејности 0,1 отсто.

Пад на просечната нето заработка е забележан во секторите недвижности за три отсто, стручни, научни и технички дејности за 2,3 отсто, сместување и услуги со храна за 1,8 отсто, преработувачка индустрија за 0,2 отсто и јавна администрација за 0,1 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…

ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата

Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…