Зеленски: Секојдневно ни умираат 60 до 100 војници ама нема да се откажеме од своја територија
Секој ден во борбите гинат 60-100 украински војници, а околу 500 се ранети, изјави Володимир Зеленски.
Како што наведе, ситуацијата на истокот на Украина е многу тешка.
Според него, Украинците се бранат на исток, додека контранапади има и во регионот Харков.
Зеленски рече дека Украина нема намера да се откаже од својата територија, но може да се разговара за тешкотиите поврзани со нив.
Тој додаде дека „ваквите дискусии се неопходни за да почнат овие тешкотии и предизвици да се решаваат по дипломатски пат, во спротивно нема да успееме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…