Објавено на:

Војната тропа на врата – Пекинг дециден: Неопходна е воена акција врз Тајван

t

Кинеската армија објави дека во последните денови ја спроведува воената вежба наречена „Борбена готовност“.

Вежбата се изведува во областите и воздушниот простор околу Тајван, со образложение дека е неопходна акција како одговор на „Вашингтон-Тајпејскиот договор“.

Кинеската Народноослободителна армија објави дека спроведува маневри во близина на Тајван со цел да го заштити националниот суверенитет и територијалниот интегритет и како одговор на „договорот меѓу Тајван и САД“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

„САД неодамна правеа чести потези за тајванското прашање, велејќи едно, а правејќи друго, охрабрувајќи ја поддршката за силите за независност на Тајван, што ќе го доведе Тајван во опасна ситуација“, се додава во соопштението.

„Тајван е дел од Кина и кинеските трупи продолжуваат да ја зајакнуваат воената обука и подготовките за да се спречи „мешањето на надворешните сили и активностите на оние кои ја поддржуваат независноста на Тајван“.

Иако во соопштението не беше прецизиран точниот датум кога се одржа вежбата, Тајван во понеделникот извести за најголемиот упад на кинеските воздушни сили во неговата зона за воздушна одбрана од јануари, а Министерството за одбрана на Тајпеј објави дека тајванските ловци тргнале да предупредат 30 Кинески авиони.

Кина, која го смета Тајван за своја провинција, ги интензивираше воените маневри околу островот во последните две години, обидувајќи се да изврши притисок врз Тајпеј да го прифати своето право на суверенитет на таа територија.

Пекинг е особено незадоволен од американската поддршка за Тајван, а американскиот претседател Џозеф Бајден дополнително го зголеми незадоволството на Кина минатата недела, навестувајќи ја промената на американската политика кон Тајван, велејќи дека САД воено ќе се вмешаат во одбраната на Тајван доколку Кина го нападне островот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…

Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…

Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…