Рускиот олигарх Абрамович го тужи Советот на ЕУ
Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европската унија, пренесува Euro News.
Советот на ЕУ го санкционираше Абрамович како дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин. Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси кои ЕУ ги санкционираше во март да ги замрзне нивните средства. Тогаш се зборуваше дека Абрамович имал добри односи со Путин, но тој негираше.
Британската влада го принуди Абрамович да го продаде прволигашот Челзи, кој во понеделникот беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници, бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина.
Оваа продажба ја означува заедничката посветеност на Европската комисија, Португалија и Обединетото Кралство. Продажбата е целосно во согласност со санкциите на ЕУ“, изјави комисијата за АП. Британската влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени поврзани со Абрамович. Станува збор за Јуџин Тененбаум и Дејвид Давидович и имот во вредност од 10 милијарди фунти. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека тоа е најголемото замрзнување на имотот во историјата на Велика Британија, пренесува Euro News.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат…
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде…
ЕКСПЕРТИТЕ ОЧЕКУВААТ МАКЕДОНИЈА ДА ФАТИ ЧЕКОР ВО…
Ќе остане ли Македонија нем набљудувач во…
Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи – Десетмина…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска
Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…
Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…