Објавено на:

БиХ и понатаму ќе добива руски гас

t

Во БиХ секој ентитет ги договара испораките на гас за себе, а од Еенергоинвест потврдија дека со Газпром потпишале анекс на постоечкиот договор за продолжување на снабдувањето до крајот на годината.

„Тоа подразбира дека цената за испорачаниот гас ќе се коригира како и до сега, квартално, исклучиво на база на деветмесечната промена на цените на нафтените деривати“, се наведува во соопштението на сараевската компанија. Според проценките на некои експерти, БиХ мора да смета дека гасот наскоро ќе го плаќа поскапо за најмалку 15 отсто.

Енергоинвест смета на продолжување на испораките на рускиот гас и во следната година, кога ќе им истече сегашниот договор со Газпром, но признаваат дека е сосема неизвесно каква ќе биде цената на енергенсот.

Најголемиот потрошувач на гас во БиХ е кантонот Сараево и некои индустриски погодни како железарницата во Зеница. БиХ во моментов е целосно зависна од рускиот гас бидејќи на европската гасна мрежа е споена само преку Србија, а двете држави рускиот гас во моментов го добиваат преку гасоводот Турски тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…