„Младите доаѓаат“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со учениците од државните училишта

t

Денес во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев.

Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – контрабас (III средно – ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Леона Кондратенко – виола (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје),  Јаков Ангелов – виолина (IV средно, ДМБУЦ “ИлијаНиколовски – Луј”, Скопје), Наум Палоски – кларинет (III средно, ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец”, Струга),  Симеон Гошев – виолина (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Григори Ангелов – саксофон (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Магдалена Дрмач – виолончело (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје) и Гоце Златев – пијано (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…