Објавено на:

Русија ќе му суди на Зеленски како воен злосторник?

t

Високорангиран пратеник во самопрогласената Народна Република Доњецк во средата изјави дека регионот поддржан од Русија има намера да му суди на украинскиот претседател Владимир Зеленски како воен злосторник.

Во изјава за руската државна новинска агенција ТАСС, Јелена Шишкина навела дека Доњецката Република ќе поднесе обвиненија против пратениците кои ја водеа Украина од 2014 година, кога рускиот претседател Владимир Путин го анектираше Крим. Меѓу нив се Зеленски, поранешниот вршител на должноста претседател Олександр Турчинов и поранешниот претседател Петро Порошенко, рече таа.

„Извршителите на воените злосторства не се само оние кои држат оружје во рацете и го повлекуваат чкрапалото. Тие се и генерали кои издаваат наредби, па дури и претседатели“, рече Шишкина, која претседава со парламентарната комисија за кривично и административно законодавство во Доњецк. Таа ги обвини тројцата дека потпишале наредба да се испратат неонацисти во Донбас да убиваат цивили овде, истакна Шишкина.

Кремљ го протурка наративот дека таканаречената „специјална воена операција“ на Путин се обидува да ги спаси жителите на самопрогласените републики Доњецк и Луганск од „геноцид“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…