Во Турција од 1 јули со зголемена брзина на автопатите
Во Турција од 1 јули ќе биде зголемена максималната брзина на возење по автопатите, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Од 1 јули возачите ќе можат да ја подигнат брзината на возење до 130 километри на час по автопатот Едрене- Шанлиурфа, а по други автопати меѓу кои Кузеј-Мармара, Истанбул-Измир, Анкара-Нигде до 140 километри на час, јави Си-Ен-Ен-Турк.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу минатиот месец објави дека од 1 јули во Турција ќе биде зголемена максималната брзина на движење по автопатите.
Во моментов максималната дозволена брзина е 120 километри на час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…