Објавено на:

Македонскиот Устав е отворен како конзерва – И хрватите сакаат да бидат дел од уставот

t

Заедницата на Хрватите во Република Северна Македонија го организираше и реализираше проектот – Регионална конференција: „Застапеност на малите заедници на државно и локално ниво“, во рамки на проектот „Зачувување на културата на хрватската заедница и другите мали заедници во РС Македонија “, поддржан од Агенцијата за права на заедниците.

Поздравни говори одржаа Роберт Алаѓозовски – Национален координатор за интеркултурализам и едно општество, Н.Е. Нивес Тигањ – амбасадор на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Еран Куртиш – директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Невенка Костовска – претседател на Здружението на Хрватите во Република Северна Македонија.

На Конференцијата беше поздравен напредокот на правата на помалите заедници, кој трае од 2017 година. Беше истакнато дека уставните и законските права треба да се остваруваат во сите области значајни за помалите заедници. Добредојдена е стратегијата „Едно општество за сите“ и развојот на Република Северна Македонија како граѓанска држава. Поздравена беше и дискусијата во општеството за подобрување на изборниот закон со цел подобро претставување на помалите заедници во македонското општество.

Беше истакнато дека е важно функционирањето на правната држава, почитувањето на Уставот и правото, како и функционирањето на институциите, а дополнително се поздравија демократските процеси и евроатлантските интеграции на сите земји од Западен Балкан. Различноста е повеќедимензионална, па се разговараше и за правата на жените, младите и лицата со попреченост. Истовремено, Хрватската заедница инсистира Хрватите да бидат дел од Уставот на Република Северна Македонија и таа со своите членови да биде претставена на водечки позиции на државно и локално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска: Рекордери сме во уставни измени, уставот…

По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот,…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…