Кириленко: Русија се обидува да ги окупира клучните градови во Доњецк
Руските сили во источна Украина се обидуваат да навлезат на југ и да ги окупираат Краматорск и Славјанск, клучните градови во Доњецк, изјави денеска гувернерот на регионот, Павло Кириленко.
„Фронтовите Лиман и Изум се главните области од кои непријателот се обидува да навлезе за да ги окупира териториите на Славјанск и Краматорск, кои се (негови) клучни цели на северот од регионот“, изјави гувернерот Кириленко.
Краматорск е де факто главен град на регионот Доњецк од 2014 година, откако градот Доњецк беше окупиран од проруските сепаратисти.
Кириленко рече и дека 340.000 жители останале во делот на регионот под контрола на Украина, од вкупно 1,67 милиони жители пред војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…