Вие штедете за зејтин: Прославата за 20 години власт на ДУИ ќе чини неверојатни 100.000 евра?!

t

Бесим Хода, претседател на воените ветерани на ОВК, вчера вечер во „Патот кон“, на Алсат, зборуваше за 20-годишнината на ДУИ, притоа директно одговарајќи на прашањето дали некогаш бил поканет да биде дел од оваа партија.

„Не. Се чини дека се информирани оти нема да ми биде задоволство да бидам дел. И не би им било забавно да бидат дел од тоа. Сепак, посакувам музиката или забавата што ќе ја направат вечерта да ги потсети зошто дојдоа на политичката сцена, како народот ги пречека во 2001 година и како ќе ги чека сега и во иднина“, рече Хода.

Во неколку наврати во јавноста се споменуваше дека прославата за 20 годишнината од власт на ДУИ ќе чини неверојатни 100.000 евра!

„Јас ги немам овие информации колку ќе чини манифестацијата на ДУИ, но факт е дека ДУИ слави 20 години на политичката сцена кај нас, а вие ги видовте рекламите кои одат дека граѓаните се задоволни од нашето политичко дејствување. “, рече Бедри Фазли.

Понатаму, авторот на емисијата Иле Петревски го праша Фазли дека „тие пари не се од државниот буџет, се разбира дека имаат некои свои средства.

„Тоа се партиски пари, зошто да се трошат на такво нешто?

„Не знам колку е“, беше единствениот одговор на Фазли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…