Објавено на:

Руска армија: Уништена е украинската воздушна одбрана „Оса-АКМ“, четири магацини со муниција и 13 тенкови

t

Руската армија вчера уништи 1 украински систем за воздушна одбрана „Оса-АКМ“, 13 тенкови, 4 складишта за муниција, како и 26 единици на специјална воена опрема на украинската армија, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој рече и дека се уништени 2 ракетни системи „Град“ и 8 артилериски батерии во близина на населбите Соледар, Џержинск, Јаковљевка и Бахмут.

Авијацијата гаѓаше и 37 локации каде што се наоѓаше украинската армија и нејзината воена опрема, уништи една радарска станица што се користеше за контрола на воздушниот простор во Славјанск, а над 360 беа ликвидирани украински неонацисти, рече портпаролот.

Од друга страна, наведе Конашенков, руските противвоздушни сили собориле 3 украински беспилотни летала и 3 ракети од системот Ураган, додека копнените сили уништиле 650 позиции на украинската армија, како и центар за контрола на дронови.

Досега се уништени вкупно 462 украински повеќецевни ракетни фрлачи, 186 авиони, 129 хеликоптери, 1.087 беспилотни летала, 328 ракетни комплекси, 3.386 тенкови и оклопни возила, како и 3.376 единици специјална воена моторизирана опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…