Објавено на:

Град Скопје: Реконструирани првиот и вториот дел од пешачка патека на „Јужен булевар“

t

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ го асфалтираа првиот и вториот дел од пешачката и велосипедска патека на „Јужен булевар“ во површина од 550 квадратни метри, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до Стара рампа.

Како што велат од Град Скопје, градежните активности за реконструкцијата, според планот за работа ќе се одвиваат во неколку фази.

– Во тек се градежните активности и се врши ископ на земјен материјал, се поставува тампон слојот, рабниците и штом заврши асфалтирањето на еден дел од патеките се преминува на подготовка на теренот за следно асфалтирање. Вкупна површина што ќе се реконструира е 1 480 квадратни метри, стои во соопштението од Град Скопје.

Дополнуваат дека екипите денеска ги поставуваат и новите 43 заштитни столпчиња на деловите каде што е асфалтирана површина и ќе продолжат со поставувањето до крај на потегот со завршувањето на реконструкцијата.

– Со поставените заштитни столпчиња се спречува непрописното паркирање на возилата  од несовесни граѓани, а со реконструкцијата на пешачката и велосипедска патека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот, наведуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…