Утре започнува тенискиот „Скопје Опен 2022“
Со квалификациски натпревари на терените на Тенискиот клуб „Југ“ утре стартува АТП машкиот Челинџер „Скопје Опен 2022“, како увертира на богата тениска програма во јуни и јули во македонскиот главен град.
Како што соопштија организаторите, вкупно 64 тенисери во сабота и недела ќе се борат за пласман во главниот турнир, кој е од календарот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) со награден фонд од 25.000 долари.
Најавени се тенисери од Шпанија, Холандија, Бразил, Шведска, Израел, Германија и многу други земји од светот, а од македонските играчи, меѓу другите, се пријавени Горазд Србљак, Стефан Мицов, Калин Ивановски и Обрад Марковски.
„Скопје Опен 2022“ ќе се игра од 7 до 12 јуни, а веќе следниот ден на терените на „Југ“ ќе стартува машки тениски турнир со награден фонд од 15.000 долари.
Во периодот од 4 до 10 јули во Скопје ќе се одигра и женскиот „Били Џин Кинг куп“, поранешниот ФЕД куп, од евро-африканската зона група 3, на која ќе настапи и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…