Кличко: Ќе ја ослободиме нашата земја од руските варвари кои дојдоа во неа!
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше по повод 100-тиот ден од рускиот напад врз Украина.
Тој на апликацијата Телеграм напиша:
„100 дена руска варварска војна за уништување на Украина и Украинците.
Тие 100 дена се како еден долг, напорен ден кој никогаш не завршува. Емоции, напорна работа, крвави битки, загуби и смртни случаи ги одбележаа тие денови.
Сепак, ова е време на нашата храброст и нашата истрајност.
Сите заедно стоиме и се бориме. Еден за сите, сите за еден. Им се восхитуваме на нашите вооружени сили. Ќе ја ослободиме нашата земја од руските варвари кои дојдоа во неа!
Да, ќе биде тешко. Но, верувам дека секој од нас достоинствено ќе ги помине овие искушенија. Затоа што ова е војна на злото и доброто. А доброто, а правдата сепак победува“, напиша Кличко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…