Бајден: САД ќе продолжи да и помага на Украина за да бидат во позиција да можат да се бранат

t

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека зависи од Украина дали нацијата треба да отстапи дел од својата територија за да постигне мир и да стави крај на руската инвазија.

Бајден им рече на новинарите дека „нема да им кажам што треба и што не треба да прават.”

„Од самиот почеток, реков – и не сите се согласуваат со мене – ништо за Украина без Украина. Тоа е нивна територија. Нема да им кажам што треба и што не треба да прават“, рече Бајден во Рехобот, Делавер.

Бајден додаде дека „се чини“ во одреден момент ќе треба да има „порамнување“ меѓу двете земји, додавајќи „што значи тоа, не знам“.

Бајден рече дека во меѓувреме, САД ќе продолжат да им помагаат на Украинците за да бидат во позиција да можат да се бранат, објави Си-Ен-Ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи – Десетмина…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска

Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…

Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…

Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…