ССМ одлучи: Генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите!

t

Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари и дека ќе го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор. Во спротивно, синдикалците најавија дека од 22 јуни ќе има генерален штрајк во јавниот сектор.

Одлуката на ССМ за генерален штрајк следи по вчерашната, како што ја опишаа, неуспешна средба со владините преставници. Според ССМ, двоцифрената инфлација и секојдневниот раст на цените не дозволува уште многу простор за преговори. На барање на Владата се сложуваат платите да се покачат од јули. Сепак, доколку во меѓувреме не добијат одговор, од 22 јуни вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но, нема да извршуваат работни задачи.

Од Владата, пак, се оптимисти за продолжување на социјалниот дијалог. Но, според нив, треба да се дефинира и моделот според кој во иднина ќе се врши корекција на платите согласно растот на минималецот, а треба да се определи и методологија за оценување на продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…